
Потпишани договори за реализација на два проекти
Денес во Министерството за Животна средина и просторно планирање потпишав договори за реализација на два проекти:
– Атмосферска канализација за улица Нов Живот во износ од 6.251.101 денари
– Атмосферска канализација за улица Гарсија Лорка во износ од 4.968.421 денари
Со реализацијата на овие два проекти преку обезбедената финансиска подршка на МЖПП ќе решиме уште еден децениски проблем со поплавување на граѓаните кои живеат и гравитираат на овие две улици.
Благодарност до Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH и Министерката Каја Шукова за несебичното залагање за подршка на општина Шуто Оризари.
Продолжуваме да работиме посветено и неуморно на обезбедување на достојни услови за живот на сите граѓани на општина Шуто Оризари.