Профил на градоначалникот

Почитувани сограѓани,

Пред нас престои период во кој сите заедно ќе треба да се вложиме за да ја видиме нашата општина во светло во какво што заслужува – со средена инфраструктура, услужни и квалитетни локални институции, училишта кои ќе се гордеат со првенци на генерации и индустриски објекти кои ќе нудат економско зајакнување на населението.

Ветувам дека ќе работам чесно, напорно и одговорно за да го подигнеме стандардот на живот на секој граѓанин од општина Шуто Оризари. Општината ќе биде сервис за граѓаните и задоволството на граѓаните ќе биде врвен приоритет мој и на мојата администрација.

Шуто Оризари е симбол на богатата култура, историја, традиција на Ромите и мој врвен приоритет ќе биде препознавањето на нашата единствена општина како место кое спојува различности и нуди просперитет за Ромската заедницата и другите заедници кои живеат во неа.

Со почит,

Ваш градоначалник

Курто Дудуш