Младите се тие кои ги прават промените и кои го движат општеството напред

Младите се тие кои ги прават промените и кои го движат општеството напред

Europe House Скопје, во соработка со Општина Шуто Оризари – официјална страница / Municipality of Shuto Orizari и Embassy of the Netherlands in North Macedonia, вчера беа домаќини на вториот настан од низата дискусии со локалните младински совети.

Амбасадорот на 🇳🇱Холандија, Дирк Јан Коп, имаше прилика да ги слушне потребите и мислењата на младите од Шуто Оризари и истите да ги пренесе на градоначалникот на општината.

Поттикнувајќи дијалог со локалните власти, се говореше за младинското учество, суштинските проблеми и заемните интереси. На средбата присуствуваа и членовите од Совет на млади при Шуто Оризари / Local Youth Council of Shuto Orizari како и младиот европски амбасадор Isak Missini. #YEA

Овие дебати се дел од програма преку која се прославува Денот на Европа. Europe House ја продолжува мисијата во Валандово, Градско, Куманово, Охрид…📍🇲🇰

#EuropeDay