
Бесплатна правна помош за жителите на Шуто Оризари
Со Министерот за правда, Кренар Лога денес во општинската зграда за прв пат отворивме канцеларија за бесплатна правна помош воедно и потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Министерството и општината.
Со отварање на канцеларијата на граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се помогне да добијат правна помош од адвокат и фер судење.
На отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош присуствуваше и претставничката на УНХЦР Моника Сандри и претсавници на Канцеларијата на Совет на Европа.
Граѓаните може да се информираат за правото кое државата го дава во вид нa бесплатна правна помош на веб страницата pravnapomos.mk
Канцеларијата веќе е во функција и граѓаните од утре можат да ги користат услугите, секој ден од 8:00 до 16:00 часот.