
Завршен настан органзиран од Хабитат Македонија по повод проектот “Одржлив урбан развој во ромските заедници”
Денес на завршен настан органзиран од Хабитат Македонија, во соработка со нашата општина и општина Велес ги сумиравме резултатите, предизвиците и идните планови за оддржливост на проектот “Одржлив урбан развој во ромските заедници”, финансиран од Европската унија.
На настанот за проектните достигнувања и предизвици покрај градоначалникот Курто Дудуш говореа Директорот на Хабитат Зоран Костов, заменик директорката Лилјана Алчева, раководителот на Секторот за урбанизам Петре Цилаков, пратеникот Диме Велковски, поранешниот градоначалник на Велес Аце Коцевски, советничката Фатима Османовска.
Како резултат на овој проект, повеќе од 90% од урбаниот дел од општина Шуто Оризари е урбанизирано преку креираните Детални Урбанистички Планови како една од проектните активности
Реконструирани се 10 живеалишта на семејства во социјален ризик
Подржани со финансиска помош за легализација на своите домови 107 семејства
Реконструиран дел од Поликлиниката во Шуто Оризари
Хабитат Македонија ќе остане партнер на Шуто Оризари и по завршување на овој проект, со цел имплементација на следни проекти кои ќе го унапредат домувањето на нашите сограѓани.