
Одбележуваме 60 години населено место Шуто Оризари и 27 години самостојна и успешна општина
12 Септември е денот кога општина Шуто Оризари добива свој идентитет.
Одбележуваме 60 години населено место Шуто Оризари и 27 години самостојна и успешна општина.
Денес скромно, но не помалку значајно, традицијата на одбележување на Денот на општината ја продолжуваме со свечена седница на советот.
Заедно со советниците го потврдивме патоказот кој треба да го следиме за да ја видиме нашата општина целосно развиена, инфраструктурно и економски. Тој пат бара многу посветеност и работа, и јас како горд градоначалник, се обврзувам да бидам во служба на остварување на таа визија.
Нека ни е честит 12-ти септември, Денот на општина Шуто Оризари.