
Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир на посета на општина Шуто Оризари
На наше големо задоволство, денес на целодневна посета на нашата општина го имавме Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, со неговиот тим од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ.
Амбасадорт оствари средба со Советот, со претставници на граѓанскиот сектор, ја посети детската градинка Осми Април, основното училиште Браќа Рамиз и Хамид, посетивме и една од куќите кои беа реновирани во рамки на проектот “Урбан развој на Ромските заедници” имплементиран од Хабитат, во партнерство со општината, а денот се заокружи со плодна кафе дискусија со граѓани од нашата општина.

Се надеваме дека позитивните впечатоци кои ги стекна за време на денешната посета ќе му послужат на Амбасадорот како позитивен пример во интернационалната заедница кога ќе стане збор за тоа како Ромите можат и знаат професионално и стратешки да го унапредат квалитетот на својот живот и да чекорат силно кон Европскиот пат.
Дополнително, се надеваме дека и сите предизвици и потреби на заедницата кои му беа презентирани денес ќе бидат пренесени и застапувани како помеѓу националните така и помеѓу интернационалните институции.
