Проект за изградба на детска градинка

Проект за изградба на детска градинка

Општината Шуто Оризари ќе добие модерно уредена градинка по сите современи и инфраструктурни стандарди. Градинката ,,8-ми Април” во Шуто Оризари ќе стане една од најсофистицираните образовно-воспитни институции за предшколско образование.

Ново реконструираниот објект ќе располага со кат каде што ќе се одвива дневниот престој на децата, втор кат предвиден за лоцирање на административните канцеларии на вработените и повеќе наменско поткровје каде што може да се планира реализација на детски креативни работилници. Исто така градинката располага со два зелени покриви -,,green roof”’, лифт и двор. Иста ќе биде опремена со триплекс прозорци и изолација од камена волна. Доколку временските услови останат поволни реконструкцијата треба да биде завршена до крајот на февруари следната година.

Завршувањето на овој проект се наоѓа високо на листата на приоритети на Општината бидејќи се работи за предшколски деца. На Општина и е потребна активна инволвираност на сите релевантни и клучни фактори.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *