
ИЗВЕСТУВАЊЕ – Општина Шуто Оризари ги известува граѓаните кои живеат на територија на општина Шуто Оризари, дека може да достават Барање за процена на настаната штета од силниот ветар и од обилните врнежи од дожд и град коишто ја зафатија општината Шуто Оризари во попладневните и вечерните часови на 26, односно на 27.06.2024 година.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Општина Шуто Оризари ги известува граѓаните кои живеат на територија на општина Шуто Оризари, дека може да достават Барање за процена на настаната штета од силниот ветар и од обилните врнежи од дожд и град коишто ја зафатија општината Шуто Оризари во попладневните и вечерните часови на 26, односно на 27.06.2024 година.
Во Барањето задолжително да се наведат:
– полно име и презиме на подносителот;
– копија од личната карта на подносителот;
– адреса од личната карта;
– краток опис на настанатата штета;
– телефонски број за контакт со подносителот.
Кон Барањето е пожелно да се приложат:
– слики и евентуално други докази за настанатата штета (фотографии и сл.);
– потврда издадена од Полициското одделение Шуто Оризари за пријавена штета, со напомена дека потврдата може да се приложи кон Барањето и дополнително, откако ќе биде издадена од Полициското одделение.
Рокот за доставување на Барањата за процена на настаната штета е 15 дена сметано од денот на настаната штета, односно сметано од 27.06.2024 година.